Авто новости

EuroNCAP: Пет ѕвезди за Range Rover Evoque, четири за новиот Citroen

11. април 2019 - 13:31 | К.З.

Последната симулација на различни судири на EuroNCAP помина во најдобар ред за најмалиот модел од понудата на Range Rover, кој доби совршена оценка од пет ѕвезди. За разлика од него, новиот SUV на Citroen успеа да освои само четири ѕвезди.

Симулацијата на судири која со години ја спроведува организацијата EuroNCAP потврди дека Range Rover Evoque не е само естетски привлечен, туку и многу сигурен автомобил.

Новиот Range Rover Evoque успешно ги помина сите препреки и предизвици на тестот на EuroNCAP, со што заслужи оценка од пет ѕвезди. Од EuroNCAP велат дека се презадоволни од измените кои ги претрпе новата генерација на Evoque, меѓу другото во полето на заштита на пешаци и велосипедисти.

Кон конечната оцена допринесе и фактот дека Evoque уште од сега е опремен со безбедносни системи и опрема која од 2022 година ќе се смета за дел од стандардниот пакет на секое возило.

Покрај практичниот Range Rover Evoque, дел од тестирањата беше и моделот Citroen C5 Aircross, кој беше оценет со четири ѕвезди бидејќи во основниот пакет на опрема нема систем за автономно кочење при детектирање на пешак или велосипедист. Во комбинација со напоменатиот систем (кој доаѓа како дел од дополнителната опрема), моделот C5 Aircross добива оценка од пет ѕвезди.

Коментирај