Новата романтична комедија „A European Christmas“ неодамна стана популарна на социјалните мрежи поради фактот што се снимаше во соседна Србија.
„A European Christmas“, однбосно „Европски Божик“, во режија на Рајан Дуар неодамна излезе на видео платформата Prime, а интересен податок е дека е снимен на позната туристичка локација - Златибор.
Во трејлерот на филмот може да се видат неколку сцени кои го прикажуваат Златибор.
Филмот трае 90 минути и следи режисерка на божикни филмови по име Ајви (Каприс Бурет) која по уште еден деловен неуспех ја бара ѕвездата на нејзиниот дебитантски филм, Хантер Вилијамс (Филип Бојд). Таа наскоро дознава дека тој е во Србија и решава да оди по него.
Но, тој ја одбива нејзината понуда, ама решава да ѝ покаже како изгледа животот во Србија, поточно во Златибор. Поради ова, Ајви одлучува да го снима филмот во Србија, но Хантер ѝ вели дека „Србија е прекрасна земја и не сака таа да ја претвори во шега“.
Иако дејството е во Србија, филмот е снимен на англиски јазик, каде глумат претежно странски актери. Но, во филмот се појавуваат неколку српски актери и тоа Владимир Грбиќ, Оливера Јежина и Моња Медаковиќ Вуксановиќ.
Филмот „A European Christmas“ нема најдобра оценка и коментари на социјалните мрежи и е оценет со 5.2/10 на платформата IMDb. Но, го привлече вниманието на луѓето во регионот поради својата локација, поради што е особено популарен на Х.
„Вака буквално ја замислувам Србија во иднина прикажана на светот - како Швајцарија. Златибор е толку совршено прикажан што дури и да го мразам, ми се допаѓа“, „Ајви за момент се откажува од својата потрага по Хантер бидејќи Србија е како 1.000 милји подалеку, но нејзината најдобра пријателка вели дека треба да го најде и сето тоа во првите пет минути, драги мои“, „Ајви најде инспирација во Србија за нејзиниот филм и сега се посвети на проучување на традицијата и културата за филмот да биде тип-топ“, се само дел од коментарите.
Kotao naložen. Pivo otvoreno. Mančester siti opet izgubio. Ovo obećava da će biti sve ono što želim da bude✨ https://t.co/hnC2fXE900
— Nikola Ćirić (@nikolac_996) December 1, 2024