Филм & ТВ

Ева Лонгорија: Не брзам да ослабам по породувањето

6. декември 2018 - 22:21 | А.С.

Актерката Ева Лонгорија во интервју за списанието People изјави дека нема проблеми со самодовербата и дека не брза да слабее по породувањето бидејќи се огледува на мајка ѝ и сестрите.

„Луѓето често ми кажуваат да побрзам со слабеењето, но јас не попуштам под притисокот и не слушам што ми зборуваат. Среќна сум што во мојот живот имам многу прекрасни жени и сметам дека мајка ми и сестрите се силни жени и се огледувам на нив“, рече 43-годишната Лонгорија додавајќи дека е невозможно да ја изгуби почитта кон себе што ја градела со години.

Таа вели дека уште многу сака јога и редовно вежба.

„Работам и со мали тегови. Му давам на телото време да се навикне на периодот по бременоста. Не е мала работа да родите дете, затоа не форсирам веднаш да ослабам“, рече таа.

Нејзиниот син Сантијаго наскоро ќе наполни една година.

„Иако вежбам редовно, понекогаш се надевам дека тренерот нема да дојде. Ако задоцни неколку минути се радувам. Ич не ги сакам тренинзите“, вели таа низ смеа и додава дека секогаш се труди да биде најдобра верзија на себе.

Коментирај