На доделување на годишните ФИФА награди во понеделникот во Цирих, една од гостите и доделувачи на награди беше актерката Ева Лонгорија, која воодушеви со изгледот.
41-годишната „очајна домаќинка“ се појави на црвениот тепих со бел фустан припен на телото.
Ева пристигна во Цирих по романтичен одмор во Мексико, со својот сопруг бизнисменот Хосе Антонио Бастон.
Таа ја засени девојката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез со која тој се забавува од минатата година, а ова беше нивно прво појавување на официјален настан.
Иако на церемонијата на доделување на награди фокусот беше на фудбалот, сите очи беа на Лонгорија.