Свет

Евакуација во Њу Орлеанс: Нејт прерасна во ураган

7. октомври 2017 - 11:13 | Макфакс/Кајгана

Националниот центар за урагани издаде предупредување за државите Луизијана, Алабама и Флорида. Ветровите веќе достигнаа брзина од 120 км/ч, а се очекува дека и ќе засилат, наведуваат од центарот.

Од градската управа на Њу Орлеанс одлучија да ги евакуираат жителите на приградските населби поради невремето во кое веќе загинаа 25 лица во Централна Америка.

„Нејт ни е пред вратите и мораме да бидеме подготвени“, рече градоначалникот на Њу Орлеанс, Мич Ландриј.

Официјалните лица стравуваат дека поради силината на ветрот, брановите би можело да достигнат висина од три метри. Граѓаните на Њу Орлеанс се особено осетливи на невремиња по ураганот Катрина, кој го опустоши градот.

Коментирај