Евакуирани пет згради во Лондон поради опасност од пожар

Станарите на пет згради во северниот дел на Лондон синоќа биле евакуирани по налог на локалните власти поради опасност од пожар и итни градежни зафати за поставување на противпожарна заштита.

Девет дена по пожарот во зградата Гренфел во кој загинаа 79 луѓе, властите на лондонскиот кварт Камден синоќа пред полноќ соопштиле дека ќе бидат евакуирани 800 станови во пет згради.

Фасадите на тие згради се исти како кај „Гренфел тауер“ која изгоре ноќта меѓу 13 и 14 јуни.

„Евакуацијата ќе биде итно спроведена затоа што не знаеме дали можеме да бидеме сигурни дали станарите се безбедни“, изјавил синоќа Џорџ Гулд, претставник од локалната власт.

Според него, неодамнешниот пожар многу ја сменил ситуацијата и не смее да се ризикува.

Станарите биле пренесени во локални одморалишта и хотели, а градежните активности се очекува да траат три недели.

Итната евакуација следува по серија тестирања за заштита од пожари во тие згради чии резултати биле незадоволителни.

Британската полиција соопшти дека пожарот во „Гренфел тауер“ бил предизвикан од ладилник и дека не е намерно предизвикан. Зградата изгоре брзо затоа што при реновирањето бил вграден евтин, запаллив термо-изолациски материјал.

Во зградата живееле сиромашни луѓе, бегалци, приматели на социјална помош, кои со години се жалеле на проблеми со струјата и други недостатоци, поради што зградата лани била реновирана.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе