Зошто Кинезите го купија Volvo?

Кинески Geely, кој стана сопственик на познатиот шведски бренд пред десет години, претстави нов џип кој ја дели технологијата со автомобилите Volvo.

Дека Geely „на големо“ ги собира плодовите од својата аквизиција во 2010 година најдобро покажува најавата за премиерата на новиот теренец на овој кинески производител.

Моделот под шифра KX11 би требало да има премиера на Саемот за автомобили во Шангај во април, а во меѓувреме Geely објави фотографии од возилото.

Тие покажуваат очигледен напредок во дизајнот, а она што не е видливо со голо око се крие под каросеријата.

Станува збор за технологија, пред сѐ механичката платформа Compact Modular Architecture (CMA) што KX11 ја дели со модели како што се Volvo XC40 и Polestar 2, но и некои други возила од палетата на компаниите Geely и Lynk & Co.

Почетокот на производството е најавен за третиот квартал од 2021 година, а се споменува и класичната SUS варијанта и plug-in хибридна опција.

Конвенционалниот мотор што ќе го користи KX11 е 4-цилиндричен 2.0-литарски турбо-бензинец со 238 КС (175 KW) и 350 Nm максимален вртежен момент, додека хибридната верзија во основа ќе има 3-цилиндричен 1.5-литарски турбо-бензинец, потпомогнат од електромотор.

Вкупната комбинирана моќност на хибридот е 258 КС (190 kW), а максималниот вртежен момент е 415 Nm.

Тагови
реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе