Евертон го отпушти Алардајс, се подготвува договор за Марко Силва

Англискиот тренер Сем Алардајс беше отпуштен од Евертон само 7 месеци откако беше назначен на тренерската позиција, потврди клубот преку официјалната веб страница. Како прв на листата потенцијални заменици се најде Португалецот Марко Силва, кој последен пат работеше како тренер на Ватфорд.

Популарниот „Big Sam“ пристигна на клупата на Евертон кон крајот на ноември, кога клубот се наоѓаше во голема криза, а оттогаш тој заврши солидна работа и Евертон заврши на осмото место на табелата во Премиер лигата со 49 освоени бодови.

На почетокот на сезоната тимот на Евертон го водеше Роналд Куман, но тој доби отказ поради слабите резултати во првите неколку кола. Холанѓанецот ја посочи вината за лошите резултати во раководството, кое решило да го продаде Ромелу Лукаку, кој две години беше најопасната опција во нападот на Евертон.

Според првите најави, нов тренер на Евертон би требало да биде Марко Силва, кој оваа сезона беше на кормилото на Ватфорд, додека лани беше тренер на Хал Сити. Во неговата кариера тој работеше и во Олимпијакос, Спортинг Лисабон и Есторил. Ако тој биде назначен за нов тренер, тогаш Ватфорд најавија дека ќе го тужат Евертон бидејќи нелегално преговарале со Силва додека тој уште бил под договор со Ватфорд.

Во наредните неколку дена ќе се знае следниот тренер на Евертон, а кој и да биде назначен ќе има многу тешка задача да го дигне клубот едно скалило погоре и да го направи стандарден учесник во европските натпреварувања.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Роналдо го сотре бившиот клуб

Read more

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Read more

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Read more

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Read more
 

Спорт

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе