Евреите од денеска можат да го посетат Ридот на храмовите додека трае примирјето во Газа

Ридот на храмовите во стариот град во Ерусалим денеска повторно е отворен за еврејски посетители, неколку дена откако стапи во сила примирјето меѓу Израел и палестинските милитанти во Газа.

Израелската полиција придружуваше околу 50 еврејски посетители до светото место во Ерусалим, каде полициските акции во последните неколку недели предизвикаа протести и насилство што предизвика војна во Газа, соопшти исламската администрација која ја надгледува локацијата.

Вакуфот соопшти дека полицијата ги исфрлила младите Палестинци од комплексот на џамијата Ал-Акса и забранила влез на муслимани помлади од 45 години. Уапсени биле тројца муслимани, вклучувајќи и еден стражар.

Муслиманите кои влегле морале да остават лични карти кај полицијата на влезот.

Портпаролот на израелската полиција, Мики Розенфелд, рече дека објектот е отворен за редовни посети и оти полицијата ја обезбедува областа за да спречи инциденти, без дополнително објаснување.

Израелската полиција по молитвата во петокот накратко се судри со палестинските демонстранти, што беше првиот тест за примирјето што стапи во сила неколку часа претходно.

Џамијата Ал-Акса е третото најсвето место во исламот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе