Кошарка

Евробаскет: Одличниот Швед ѝ донесе пресврт и полуфинале на Русија

13. септември 2017 - 19:54 | М.Д.

Русија успеа да се пласира во полуфиналето од Евробаскетот со драматична победа над Грција, со резултат од 69:74.

Русија до големиот триумф стигна после возбудлив пресврт, а повторно најзаслужен за тоа беше неверојатниот Алексеј Швед.

Играчот на Химкиј, кој на паркетот го помина речиси цело второ полувреме и речиси сам ја врати својата селекција, натпреварот го заврши со 26 поени (7-22 од игра, 2-11 за три поени,  10-11 пенали) и притоа забележа пет асистенции.

Навистина имаше лош процент на шут од игра, изгуби дури седум топки, но во третата четвртина имаше уште неколку успешни напади, постигна 13 од 20 поени и ги врати Русите во живот.

Грција претходно одигра многу добар прв дел, на полувреме заминаа со шест поени предност, во три наврати враќаа двоцифрена предност, но лошата реализација во нападот на крај ги чинеше триумф.

Русија во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Србија и Италија кој е на програма денес со почеток од 20:30 часот. 

Коментирај