Евробаскет: Србија ја совлада Турција (Видео)

Србија ја совлада Турција во последниот натпревар од третото коло во Д групата, на Европското првенство во кошарка.

Србите, пред 12.000 гледачи во „Фенербахче арена“, во трилер завршница славеа над домаќинот со резултат 80:74. Србија од почетокот на мечот имаше предност, во втората четвртина и од 14 поени (27:13), а до средината на последниот период разликата се движеше помеѓу шест и десет поени.

Турците на шест минути до крајот со серија тројки само за момент преминаа во водство (55:56), а серијата на домаќинот ја запре Богдановиќ со две тројки во интервал од 15 секунди.

До крајот пресуди искуството и смиреноста на Србите, кои ги одбија сите напади на Турција за евентуален пресврт.

Богдановиќ со 17 поени (12 во последната четвртина) и Јовиќ со 15 поени, девет асистенции и четири скока ја предводеа Србија до втората победа на Европското првенство, додека кај Турција, која го запиша вториот пораз најефикасни беа Махмутоглу со 19 (5 тројки) и Осман со 15 поени.

Утре Србија ќе игра против Велика Британија, а Турција против Белгија.

Претходно во оваа група Русија со победата над Белгија 76:67 го задржа максималниот ефект, а Летонија со 97:92 ја победи Велика Британија.

Во Ц групата актуелниот шампион Шпанија продолжи да ги демолира своите противници. Шпанците, во Клуж, ја совладаа Романија со 91:50.

Хуан Ернангомез беше најефикасен кај Шпанците со 18 поени. Утре Шпанија за противник ќе ја има Хрватска која исто така нема пораз по првите три кола

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Кошарка

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Read more

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Read more

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more
 

Спорт

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе