Евробаскет: Србија обезбеди пласман во финалето (Видео)

Кошаркарската репрезентација на Србија по пауза од осум години повторно ќе игра во финалето на Европско првенство. Србија во полуфиналето на 40. Европско првенство ја совлада Русија со резултат од 87:79.

Србија успеа да и се реваншира на Русија за поразот во првата фаза (72:75), благодарение на одличната игра во одбраната, речиси перфектниот шут за два поени (70 отсто) и тандемот Богдан Богдановиќ-Бобан Марјановиќ за кој Русите не најдоа решение.

 Русија не успеа да победи во полуфиналето иако во своите редови го имаше брилијантниот Алексеј Швед.

Српските кошаркари против Русија имаа предност од првиот до последниот напад на средбата.

Отворија со 5:0, а по влегувањето на Марјановиќ стигнаа и до двоцифрена разлика. Четири пати во текот на натпреварот Србија имаше позитива од 16 поени, но Русите успеаја да се вратат благодарение на добриот шут во второто полувреме.

На четири минути до крајот на натпреварот Русија успеа да се доближи на два поени негатива (75:73), Србите го одбија тој напад, а победникот го реши Богдановиќ на 105 секунди до истекот на времето најпрвин со тројка, а потоа и со соло акција кога ја однесе својата репрезентација на недостижни 83:76.

Србите целата последна четвртина ја одиграа без првиот плејмејкер Стефан Јовиќ кој го повреди скочниот зглоб.

На крајот Богдановиќ имаше учинок од 24 поени, 3 скока и 4 асистенции, а Марјановиќ 18 поени, 6 скока и 4 асистенции за 20 минути колку што мина на теренот. Голем придонес даде и Владимир Лучиќ со 13 поени и 8 скокови. Интересно освен  Штимац сите српски играчи се запишаа во листата на стрелци.

Русија ја предводеше глваниот кандидат за МВП наградата, Швед со 33 поени, 2 скока и 5 асистенции. Покрај Швед кај Русија се истакнаа Андреј Воронцевич со 14 поени, односно Тимофеј Мозгов со 11 поени и 9 скокови.

Финалето на Евробаскетот ќе се одигра во недела од 20:30 часот, а ривал на Србија ќе и биде Словенија. Претходно од 16 часот за бронзениот медал ќе се борат Русија и Шпанија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Кошарка

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Read more

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе