Евролигата најавува промени, ќе се прошири на 20 екипи

Сѐ повеќе се зборува дека Евролигата би можела да брои 20 екипи од следната сезона. Како што пренесува порталот Eurohoops, ваквиот развој на настаните може да доведе до промена на форматот на натпреварувањето.

Новинарот Арис Баркас наведува дека раководството на Евролигата, предводено од Дејан Бодирога и Паулиус Мотејунас, на тимовите со А лиценца им претставило план за проширување на натпреварувањето на 20 екипи. Предлогот е тимовите да бидат поделени во две конференции (сѐ уште не се знае дали според географски критериуми), а во регуларната сезона секој клуб би одиграл по 28 натпревари.

Се претпоставува дека системот на натпреварување би бил следниов: секој тим ќе одигра 18 натпревари од регуларната сезона против тимови од својата конференција (дома-гости). Дополнително, секој тим би одиграл по еден натпревар против ривали од друга конференција, 5 дома и 5 на гости.

Ваквата промена би била значително полесна за организаторите и учесниците отколку да го остави стариот систем. Доколку форматот на лигата остане ист, тоа би значело дека тимовите од Евролигата ќе одиграат 38 натпревари во текот на регуларниот дел од сезоната, а бројот на т.н. двојни недели ќе се зголемат од 7 на 9.

Засега не се знае кој систем ќе биде усвоен, но сѐ поизвесно е дека ќе дојде до проширување на 20 клубови.

Тагови
реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Apple предупреди: Милијарди iPhone-и се во ризик

Read more

Кошарка

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Read more

Уште во јануари падна забивањето на годината: Бекот на Орландо овековечи четворица на постер

Read more

Евролигата сака да ја тужи НБА

Read more

Пирови 42 поена на Дончиќ, Лејкерс заринкаа кај слабите Кингс

Read more
 

Спорт

Македонија мора да ја победи Романија, потоа ќе навива за Данска

Читај повеќе
  • play_arrow

ЛШ завршница: Дерби на Меаца, Реал и Сити бркаат влез во топ 8

Читај повеќе

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Читај повеќе
  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Читај повеќе

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Читај повеќе

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Читај повеќе