Европа под закана поради топлотен бран

Лондон, 25 јуни 2019 (МИА) – Голем бран жештина се шири во Западна Европа. Властите ги предупредија децата, пензионерите и луѓето со хронични болести да се подготват за неподносливи жештини, објави Guardian.

Температурите ќе достигнат или ќе надминат 40 степени во голем регион – од Шпанија до Швајцарија поради комбинација од неподвижен циклон над Атлантскиот Океан и висок атмосферски притисок во Централна Европа. Во комбинација со висока влажност, на некои места субјективното чувство за температурата ќе биде како 47 степени, предупредуваат метеоролозите.

Во Шпанија прогнозираат 42 степена во сенка в четврток во најмалку четири провинции. Објавена е тревога за зголемен ризик од шумски пожари.

Во Франција општините подготват простории со клима уреди дури во текот на ноќта, за да можат луѓето да се спасат од жештини. Во понеделникот во Париз беше 34 степени, со предвидувања температурата да се искачи и да остане толку жешко во поголемиот дел од седмицата.

Емануел Демел од Метео-Франс тврди дека топлотниот бран е многу невообичаен, бидејќи доаѓа многу рано. Според податоците на синоптичарите, таква појава во Франција немало од 1947 година. Франција одложи испити во училишта за следната недела, а добротворни организации почнуваат да разнесуваат шишиња со минерална вода на бездомници.
Ситуацијата наликува на најголемата топлотен бран во Франција од август 2003 година, кога од високите температури починаа 15 000 лица, а болниците не успеаја да ги прифатат сите кои имаа потреба.

Во Италија, исто така, ќе бидат погодени од топлотниот бран. Синооптичарите најавуваат „најинтензивен топол бран во последните децении”.

Максималните температури помеѓу 37 и 40 степени ги очекуваат Рим, Фиренца, Болоња, Милано и Торино. Неколку италијански градови очекуваат да регистрираат рекорди во јуни. Властите во Рим предупредија на закана за здравјето поради сметот по улиците бидејќи има проблеми со отстранувањето на отпадот.  Осум туристи беа казнети со 450 евра заради капење во фонтаните на градот.

Германија, исто така, ќе биде погодена од топлотниот бран. Синооптичарите најавуваат дека рекордот за јуни во Франкфурт од 38,2 степени, поставен во 1947 година, ќе се надмине. Најверојатно ова ќе биде во средината на неделата. Не е исклучено во Франкфурт да бидат регистрирани 40 степени, а прогнозата за Берлин е до 37 степени Целзиусови.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе