Европа врие против КОВИД мерките: Дали ќе стигне до степен на радикализација?

На вчерашните протести во Берлин организирани поради мерките на германската влада воведени за борба против коронавирусот, околу петстотини луѓе беа приведени по судирите со полицијата.

Илјадници луѓе се собраа во Берлин и покрај тоа што локалните власти забранија неколку различни протести организирани за викендот, вклучително и митингот на Querdenken, движење скептично за антикорона мерките на германската влада.

Берлинската полиција распореди околу 2.000 полицајци низ градот и имаше неколку судири со демонстрантите.

URL

Претседателот на германскиот парламент Волфганг Шојбле во неделата остро го критикуваше движењето, повикувајќи ги луѓето да не се залажуваат со „евтини слогани“.

„Ако практично сите експерти ширум светот велат дека коронавирусот е опасен и дека вакцинацијата помага, тогаш кој има право да каже ‘Јас сум попаметен од тоа?’“ рече тој, истакнувајќи дека тоа е „неподнослив степен на ароганција“.

URL

На собирот што првично го замисли иницијативата Querdenken присуствуваа 22.500 луѓе, но берлинската полиција го забрани собирот, како и неколку други.

Германската разузнавачка служба предупреди претходно дека движењето станува сѐ порадикално, ставајќи ги под надзор некои од неговите поддржувачи.

URL

Илјадници луѓе протестираа во Франција против мерките на нивната влада три викенди по ред, а околу 80.000 луѓе протестираа во градовите низ Италија минатиот викенд.

На еден од протестите во Париз, полицијата употреби солзавец откако толпата почна да провоцира полицајци. Демонстрантите скандираа „Слобода! и фрлаа шишиња кон полицијата. Тие, исто така, извикуваа пароли „Диктатор – во затвор!“, „Макрон, не ни треба твојата пропусница!“

На 12 јули, францускиот претседател Емануел Макрон најави серија нови рестриктивни мерки за ограничување на ширењето на COVID-19. Меѓу другото, тој најави продолжување на практиката за користење санитарни пропусници, со кои се докажува вакцинација или негативен резултат од тестот за COVID-19, особено во барови, ресторани, возови на долги релации и авиони.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе