Европа заостанува 21 година зад поставената цел за намалување на загадувањето

Европа постигнува напредок во намалувањето на емисиите на гас, но не доволно за да ги постигне планираните цели.

Компанијата Enel Group спроведе студија со предупредување дека Европа нема да ги исполни поставените цели за намалување на емисиите на стакленички гасови доколку продолжи со „сегашното темпо“. Европската Унија сака да постигне намалување од 55 проценти до 2030 година, но според една нова студија, оваа цел нема да биде постигната до 2052 година.

Стариот континент исто така нема да ја исполни својата цел за употреба на обновлива енергија (40 проценти до 2030 година), а со сегашната стапка тоа нема да биде достижно до 2043 година, пишува Engaget.

Во студијата се наведува дека ЕУ ќе мора да инвестира приближно 3,6 илјади милијарди евра за да ги достигне поставените цели до 2030 година. Но, ова не е само за финансиски инвестиции, туку и за промена на начинот на размислување на глобално ниво. Покрај тоа, повеќето институции треба да ја намалат бирократијата за да можат идеите брзо да се преточат во конкретни акции. Ова би вклучило поголема и посилна координација помеѓу земјите-членки на ЕУ, како и глобална стратегија за поттикнување подобра пазарна интеграција.

Нема сомнение дека ЕУ ќе мора да ја преиспита својата стратегија. Целта за намалување на емисиите од 55 проценти беше значителен скок од претходната цел од 40 проценти. Enel исто така има силен поттик - дополнителни инвестиции во овие цели би ѝ помогнале на компанијата, која е една од најголемите производители на опрема и решенија за употреба на обновливи извори на енергија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на кориснициte

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе