Европејците не ги менуваат навиките: Dacia Sandero уште е број 1

Според последните податоци, Dacia Sandero беше најпродаваниот автомобил во Европа во февруари оваа година. Citroen C3 беше вториот избор на купувачите, а Renault Clio исто така заврши на подиумот по потпросечните перформанси во јануари.

Dacia Sandero на најдобар можен начин ја заврши 2024 година, како најпродаван автомобил во Европа. Моделот на романскиот производител на автомобили ја започна 2025 година со исто темпо.

Хечбекот на Dacia го заврши јануари на првото место на врвот на преференциите на клиентите на Стариот континент, а ја задржа водечката позиција во февруари, пишува романски Profit.ro. Така, со 20.832 продадени единици во вториот месец од 2025 година, што е зголемување од 3,5 отсто во споредба со истиот месец во 2024 година, Sandero остана миленик на клиентите на европскиот пазар.

Изненадувањето доаѓа од автомобилот на второто место, а тоа е Citroen C3. Французите по долго време скокнаа во првите три со испорачани 18.181 единици, што претставува раст од 6,1 отсто. Подиумот го комплетираше Renault Clio со 17.588 продадени примероци, што претставува раст од 21,1 отсто во споредба со февруари 2024 година.

Volkswagen Golf пропушти да се најде на подиумот во последен момент. Европејците во февруари купиле 16.081 примерок, 17,8 отсто помалку отколку истиот месец минатата година. Потоа, остатокот од топ 10 листата го сочинуваат: Peugeot 208, Volkswagen Tiguan, Dacia Duster, Volkswagen T-Roc, Toyota Yaris Cross и Peugeot 2008.

Како заклучок, Dacia има два модели во топ 10. Имено, Duster е продаден во февруари во 15.202 примероци, што претставува зголемување од 14,1 отсто во однос на февруари минатата година, а прифатливиот романски SUV беше и најпродаваниот модел во сегментот B-SUV.

Тагови
реклама

Ливерпул го продаде најскапиот играч во историјата на клубот

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Џеј Ло во тесен розов комбинезон на тренинг на Ф1: Позираше со тимот на Ферари

Read more

VW го зголемува производството на бензински и дизел мотори

Read more

Авто новости

VW го зголемува производството на бензински и дизел мотори

Read more

Кога се фантомски дефекти, а кога навистина автомобилот има проблем?

Read more

Секое четврто продадено Porsche е „на струја“

Read more

По која цена се продава Lada Niva Sport во Русија?

Read more
 

Автомобили

VW го зголемува производството на бензински и дизел мотори

Читај повеќе

Кога се фантомски дефекти, а кога навистина автомобилот има проблем?

Читај повеќе

Секое четврто продадено Porsche е „на струја“

Читај повеќе
  • filter

По која цена се продава Lada Niva Sport во Русија?

Читај повеќе
  • filter

Избран најдобриот светски автомобил за 2025 година

Читај повеќе
  • filter

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници!

Читај повеќе
  • filter

Mercedes гаси уште два модела

Читај повеќе
  • filter

Новиот SUV на Genesis потсетува на концептот Steppenwolf на Audi од пред 25 години

Читај повеќе
  • filter

Врвот на бизнис елеганцијата: Новиот Audi A6 Sedan

Читај повеќе