Европјаните сакаат бензинци и дизелаши, не се за „на струја“

Според најновото истражување што го објави „Mazda“, речиси 60% од европските возачи повеќе би избрале мотор со внатрешно согорување и сметаат дека бензинците и дизелашите имаат позитивна иднина.

Во истражувањето на Mazda Driver Project што беше спроведено заедно со агенцијата Ipsos MORI, беа анкетирани 11.008 луѓе на клучните европски пазари. Од нив 58% сметаат дека „уште претстојат големи иновации и подобрувања на бензинските и дизел моторите“ (65% во Полска и повеќе од 60% во Германија, Шпанија и Шведска).

Резултатите покажуваат дека потрошувачите не секогаш го делат мислењето со многу организации кои сметаат дека моторите со внатрешно согорување нема да имаат улога во иднината на автомобилите.

Тоа дополнително се поткрепува со фактот дека 31% од воачите се надеваат дека „дизел автомобилите ќе постојат и во иднината“ во време кога се зголемува бројот на електрични возила.

Исто така, во просек, 33% од возачите рекле дека ако се исти трошоците во споредба со електричен автомобил, „поради би избрале бензинец или дизел автомобил“ – во Италија дури 54% од сипитаниците се изјасниле вака.

Покрај замавот што го земаат автономните возила, само 33% од возачите „го поздравуваат доаѓањето на самовозечките автомобили“, додека во Франција и Холандија таа бројка опаѓа на 22%.

Како иницијатор на истражувањето, Mazda верува дека возењето е вештина која луѓето би сакале да ја задржат во иднина. Тоа е активност што може да биде забавна и функционална, а многумина би сакале и идните генерации да ја имаат таа вештина.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе