Европол: Албанија извор на дрога, транспортот оди главно по морски пат до Италија

Албанија останува главен извор на трговија со канабис во Европската Унија и претставува закана за европската економија и општество.

Ова е констатацијата содржана во последниот извештај на европската полиција под наслов „Процена на заканата за тежок и организиран криминал“.

Според Европол, 40 проценти од активните криминални мрежи во ЕУ се вклучени во трговија со дрога.

– Најраспространет илегален производ останува канабисот, кој во случајот на Албанија се транспортира главно по морски пат до Италија. Над 60 проценти од организираниот криминал се извршува со употреба на насилство и исто толку, корупција, мито па сѐ до софистицирани шеми со милиони долари, констатира Европол, пренесува, Ora News телевизија.

Според истиот извор, Катерине Де Боле, шеф на Европол, додава дека извештајот од 2021 година покажува дека и двата индикатора се влошуваат.

– Нивното влијание врз граѓаните, економијата и владеењето на правото е огромно. Потребни ни се заеднички активности, нови политики, за да размислиме како работиме. Само конфискациите не се доволни. Овие луѓе користат сè од општеството за профит, без почит кон животот, вели Катерине Де Боле.

Корупцијата на европско ниво се проценува дека ја стимулира трговијата со дрога, особено рекордното ниво на кокаин од Латинска Америка.

Во време на пандемија, Де Боле вели дека криминалните групи исто така го искористуваат тоа, продавајќи лажни производи против COVID-19.

– Од почетокот на пандемијата видовме понуди на лажни вакцини на интернет. Сега ги наоѓаме и во физичкиот свет. Изненадувачки е што некои луѓе ги купуваат овие вакцини надвор од фармацевтскиот сектор, но тие претставуваат здравствен ризик, оценува Де Болe.

Европол ги идентификувал перењето пари, сајбер нападите, лични злосторства, измами и еколошки криминал како други заканувачки појави за ЕУ.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе