Европска комисија: Во Европа веќе се чувствуваат првите знаци на суша

Првите знаци на суша веќе ги погодија Франција, Шпанија и Северна Италија, предизвикувајќи загриженост за снабдувањето со вода, објави Европската комисија.

„Поради екстремно сувата и топла зима, поголемиот дел од Јужна и Западна Европа е зафатен со аномалии кога станува збор за влажноста на почвата и обемот на вода во реките“, соопшти Комисијата.

Водениот еквивалент на снегот на Алпите е далеку под историскиот просек и ќе предизвика сериозно намалување на количината на вода од топењето на снегот што се влева во реките, наведе Еврокомисијата, пренесува HINA.

Експертите се загрижени бидејќи тоа ги загрозува резервите на вода за земјоделството, производството на енергија и луѓето, според извештајот. Европа ја чека потопла од просечната пролет, а прогнозите за дожд се неизвесни, се вели во извештајот.

Европската комисија во извештајот советува внимателно да се следи нивото на водата и да се подготват планови за зачувување на водата бидејќи постои голем ризик сезоната да биде критична кога станува збор за водните ресурси.

Предупредувањето за суша е издадено откако Европа ја доживеа втората најтопла зима од почетокот на водење евиденција во 1979 година, според Copernicus, европската програма за следење на климата.

Минатото лето, кое повторно беше меѓу најжешките досега, топлотните бранови, малку дожд и сувата почва предизвикаа суши што го зголемија ризикот од шумски пожари.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе