Македонија ќе има три претставника во ребрендираното континентално ракометно натпреварување од кои еден со загарантирано учество и два кои преку квалификациите ќе се борат за место.

Европската ракометна федерација денеска ги потврди тимовите учесници за новата сезона на ЕХФ Купот кој отсега ќе го носи името ЕХФ Европска Лига.
Битолски Еурофарм Пелистер е меѓу дванаесетте клубови кои имаат загарантирано место во групната фаза. Уште два македонски клубови ќе се борат за место во групаната фаза. Тоа се скопските тимови на Металург и Бутел кои ќе мораат да минат низ две квалификациски кола бидејќи стартуваат од првото.

Жрепката допрва треба да биде направена по што македонските квалификанти ќе го знаат патот до групите. Она што се знае е дека првото квалификациско коло ќе се игра на 29 и 30 август со реванш за една недела.
