Европска недела на спортот од 23 до 30 септември за активни и здрави млади

Скопје, 22 септември 2019 (МИА) – Масовно скокање со јаже, трка со велосипеди, ноќно искачување на Водно, кросфит активности и турнир во кошарка се само дел од активностите што се организираат во рамки на Европската недела на спортот, што од 23 до 30 септември ја огранизира Агенцијата за млади и спорт со цел поттикнување на младите повеќе да спортуваат и да се рекреираат.

Директорот на АМС Дарко Каевски, на отворањето на Европската недела на спортот, посочи дека настанот има за цел да се поттикнат младите повеќе да спортуваат и да ги практикуваат здравите начини на живот.

– Предвидени се многу активности и спортски настани. Има пет главни настани проследени со околу 50-тина настани што ги спроведуваат општините, кои ни се партнери во проектот. Очекувам дека ваквите настани ќе станат пракса и на општините и на сите спортски клубови и федерации, изјави Каевски.

Главна цел е да ги поттикнеме што е можно повеќе најмладите да спортуваат, зошто, како што нагласи Каевски, само така ќе успееме да имаме здрава нација со здрави навики за спорт.

Според Александра Дичевска, која е национален координарот на Неделата на спортот, сите активности се од рекреативен карактер и отворени за сите граѓани.

– На 23 септември од 18:00 часот на Кеј ги очекуваме сите граѓани со велосипед, тротинет или ролерки да дојдат и учествуваат во аматерска штафетна трка. На 24 септември на градскиот плоштад се организира турнир 3х3 во кошарка.

На 25 септември на градскиот плоштад се организира масовно скокање на јаже.

– Нема пријавување. Сакаме сите граѓани да дојдат до 18:30 часот. Имаме обезбедено околу 550 бесплатни јажиња за скокање, маици и вода. Бесплатно ќе ги поделиме и сите заедно ќе скокаме 45 минути. Потоа следува лотарија. Ќе има број на самите јажиња и извлекувањето ќе биде на крај, објасни Дичевска.

На 27 септември следи Осветли го Скопје, рекреативно ноќно искачување на Водно, а на 28 септември се организираат над 20 кросфит активности во СЦ „Борис Трајковски“.

– На 26 и 30 септември 50 општини се вклучуваат со свои активности, како посета на првачиња и пријателски натпревари. Целта е од година во година сите 80 општини да ни се вклучат, истакна Дичевска.

реклама

Официјално: „La casa de papel“ добива петта сезона

Read more

Предлог за ручек: Запечени тиквички со сирење и кашкавал

Read more

Во забавена снимка: Како делуваат различните маски за заштита од COVID-19?

Read more

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на COVID-19

Read more

Живот

Среќен роденден, Никола Тесла

Read more

Што сѐ ги нервира вашите колеги кај вас?

Read more

Запалена статуата на Меланија Трамп во Словенија

Read more

Како ќе патуваме со авион во ковид иднината?

Read more

Магазин

Предлог за ручек: Запечени тиквички со сирење и кашкавал

Читај повеќе
  • play_arrow

10-минутни лесни вежби за затегнат задник

Читај повеќе

Предлог за ручек: Печен лосос со ориз

Читај повеќе
  • play_arrow

Во забавена снимка: Како делуваат различните маски за заштита од COVID-19?

Читај повеќе

Вирална дилема: Која зебра гледа во камерата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Хумус на турски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

Да ти нацртам: Што значи безбедна дистанца од 2 метра?

Читај повеќе

Како би ја опишале Македонска Пошта во една фотографија?

Читај повеќе
  • play_arrow

На плажите низ Флорида шета Смртта: Само ве потсетувам на вирусот

Читај повеќе