Европската комисија ги претстави мерките за безбедност на 5G мрежата

Европската комисија денеска ја презентираше „кутијата на алатки“, односно мерките, кои се потребни за да се обезбеди сигурна 5G мрежа во Европската Унија и да се намалат потенцијалните ризици.

Алатките што ги нуди Европската Комисија се изработени врз основа на забелешките и проценките за ризици на самите земји членки на Европската Унија, ЕК повикува клучните черки да се спроведат до 30 април оваа година.

-Можеме да направиме големи работи со 5G. Технологијата поддржува персонализирана медицина, прецизни земјоделски и електрични мрежи кои можат да интегрираат секаков вид на обновлива енергија. Ова ќе направи голема разлика, но само ако нашите мрежи бидат безбедни. Само тогаш дигиталните промени ќе бидат од корист за сите граѓани, изјави потпретседателката на Европската комисија, Маргарет Вестагер.

Европската комисија инсистира дека алатките што се презентираат се важни за земјите членки од блиску да се координираат во имплементирањето на 5G технологијата.

Оваа технологија се проценува дека би требало да генерира околу 225 милијарди евра профит ширум ЕУ и е од клучна важност за конкурентноста на Унијата на глобалната сцена, но граѓаните на ЕУ како и владите се загрижени за безбедноста, посебно со оглед на тоа дека највисок степен на развој во оваа технологија има кинеската компанија Huawei.

5G технологијата ќе овозможи многу побрза конекција, конектирани предмети, но и поголема зависност од софтвери, поголема потреба од антени и побројни агли за напад од потенцијални хакери.

Според Евробарометарот кој го мери јавното мнение на европски граѓани, сајбер нападите претставуваат преокупација за повеќе од половина од населението на ЕУ, страв кој го делат и експертите кои предупредуваат дека софистицираноста на хакерите расте, додека сѐ повеќе клучни служби и институции ќе зависат од новата технологија.

-Европа има сѐ за да ја води технолошката трка. Дали преку развојот или имплементирањето на 5G технологија, нашата индустрија е веќе напредна. Денеска ги опремуваме земјите членки на ЕУ, телеком операторите и корисниците со алатките кои ќе ја заштитат европската инфраструктура со највисоките безбедносни стандарди, изјави еврокомесарот за внатрешниот пазар, Тиери Бретон.

Алатките на Европската Комисија предвидуваат, меѓу другото, добра процена на ризикот на набавувачите и нагласува дека се потребни рестрикции за оние набавувачи кои претставуваат ризичен профил. Европската Комисија смета и дека е потребно да се спроведат мерки за да се обезбеди диверзификација на продавачите и со тоа максимално да се намали зависноста од мал број оператори.

Европската комисија не одлучува за специфични безбедносни мерки во земјите членки, кои остануваат целосно суверени во оваа одлука, но предупредува дека колективната работа во оваа област е критична за безбедноста на мрежата.

Huawei од своја страна ја поздрави иницијативата на Европската Комисија која „му овозможува на Huawei да продолжи да учествува во распоредувањето на европската 5G мрежа“.

Според кинеската фирма алатките понудени од ЕК се „непристрасни и базирани на факти“. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе