Европскиот парламент го усвои законот за воведување универзален полнач

Европскиот парламент денес усвои нови правила кои се однесуваат на воведување стандарден полнач за мали електронски уреди како смартфони и таблети.

Новиот закон на сила ќе стапи од есен 2024 година, така што USB-C ќе биде стандарден конектор за полнење смартфони, таблети, тастатура, компјутерско глувче, GPS уреди, дигитални камери, слушалки, рачни конзоли, преносни звучници и слично. Од 2026 година USB-C ќе стане норма и во случај на полначи за лаптоп компјутери.

Законот е усвоен со мнозинство од гласовите, 602 гласа „за“, 13 „против“ и 8 „воздржани“.

„Со ова едноставно решение секоја година ќе се заштеди на илјадници тони електронски отпад, ќе се олесни продолжувањето на употреба на стара електроника, ќе се унапреди искуството на потрошувачите и ќе се намалат непотребните трошоци“, изјави пратеникот Алекс Агиус Салиба од Малта.

Изрази надеж дека ЕУ ќе биде пример за остатокот од светот.

Универзалниот полнач не е само добар за околината, туку и за паричникот на потрошувачите, тврди извршната потпретседателка на Европската комисија Маргарет Вестагер.

„На овој начин ќе заштедиме најмалку 250 милиони евра годишно“, смета таа.

Полначите создаваат меѓу 11.000 и 13.000 тони електронски отпад секоја година, покажаа податоците на Европската комисија.

Сега, конечно одобрение треба да дадат владите на земјите, а тоа се очекува во текот на состанокот на Советот за животна средина закажан за 24 октомври. Потоа законот ќе стапи во сила, а земјите од ЕУ имаат рок од 6 месеци да го пренесат во националните закони.

реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

Која храна докажано го намалува нивото на холестерол?

Read more

Хардвер

Бирајќи го идеалниот Bluetooth звучник: 6 работи на кои треба да се внимава

Read more

Дали знаете дека USB стикот има рок на траење?

Read more

Откриени спецификациите на Pixel Tablet на Google

Read more

Митови и вистини за полнењето батерија на смартфонот

Read more
 

Гик

Дали знаете како да си ја зачувате приватноста на сите ваши апликации?

Читај повеќе

Кои телефони зрачат најмногу, а кои најмалку?

Читај повеќе

Honda претстави авион со луксузна кабина и систем за автоматско слетување

Читај повеќе

Запознајте го најопасниот USB кабел

Читај повеќе

Како да проверите дали некој ви ја „хакнал“ лозинката?

Читај повеќе

Со УВ светло откриле скриено поглавје во Евангелието по Матеј

Читај повеќе

Кина првпат испраќа цивилен астронаут во вселената

Читај повеќе

Нови детали за телефонот кој треба да биде конкуренција на iPhone

Читај повеќе

Јапонија планира да пренесува соларна енергија од вселената на Земјата

Читај повеќе