Европскиот парламент ја поддржа употребата на канабис во медицински цели

Европскиот парламент ја поддржа употребата на канабис во медицински цели по расправата за можни злоупотреби на медицински оправдани терапии.

Европратениците ги повикуваат Европската комисија и властите на земјите членки на ЕУ да дефинираат што е медицински канабис, да ги спречат злоупотребите и да обезбедат финансиски средства во новата програма за истражување на терапевтските својства на канабисот.

Државите во кои медицинскиот канабис е легален често имаат проблеми со условите за пристап, препишување и купување на овој производ.

Некои европратеници сметаат дека со сеопфатна регулација на лековите на база на канабис би се ограничил црниот пазар и би се гарантирал квалитет на производите.

Исто така, би се ограничил и пристапот на малолетници до канабисот и би се овозможила правна сигурност и пристап на пациентите кои канабисот би го користеле во медицински цели, со посебни мерки на претпазливост за помлади лица и за трудници, стои во донесената резолуција.

Пратениците сметаат дека има задоволувачки докази според кои канабисот има терапевтски својства во лечењето на хронична болка кај возрасни и дека ги ублажува тегобите, мачнините и повраќањето предизвикани од хемотерапија, како и симптомите на спазмичност кај пациенти со мултиплекс склероза, а исто така го поттикнува растот на коските.

Некои европратеници кои се по професија лекари, предупредуваат дека треба да се обрати внимание на две екстреми – мора да се делува против стереотипните тврдења дека канабисот е нелегална и опасна дрога, а од друга страна да се внимава пациентите да не почнат да користат канабис секогаш кога нешто ќе ги заболи.

Вера Јурова, еврокомесарка на Комисијата за заштита на потрошувачите, најави дека ќе продолжат истражувањата за терапевтските својства на канабисот.

Кога станува збор за канабисот и негово слободно користење, најлиберални земји во ЕУ се Холандија, Шпанија, Португалија, Германија и Чешка.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе