Европскиот парламент одобри дигитални сертификати за слободно патување од 1 јули

Европскиот парламент денеска ја одобри регулативата за дигитален сертификат на ЕУ за COVID-19, што ќе овозможи безбедно и слободно патување во рамките на ЕУ.

На овој начин ќе се рестартираат туризмот и економијата и ќе се држи вирусот под контрола.

Сертификатот ќе биде бесплатен, безбеден и достапен во дигитален и печатен формат. Сертификатот не само што ќе покаже дали лицето е вакцинирано, туку исто така ќе се користи како доказ дека лицето извршило негативен тест или се опоравило од COVID-19.

Откако ќе биде одобрен од советот, регулативата ќе стапи на сила на 1 јули и ќе трае 12 месеци, со можност за продолжување, во зависност од состојбата на пандемијата.

Дигиталниот сертификат треба да го олесни слободното движење и да придонесе за постепено напуштање на ограничувањата на координиран начин меѓу членките на ЕУ.

Сертификатот ќе се издава бесплатно од националните власти и ќе содржи QR код. Наведено е дека дигиталниот сертификат нема да биде предуслов за слободно движење и нема да се смета за патна исправа.

Дополнителни ограничувања за патување само доколку се оправдани

За време на меѓуинституционалните преговори, европратениците постигнаа договор дека земјите од ЕУ нема да можат да воведат дополнителни ограничувања за патување на носителите на дигитални сертификати како што се карантин, самоизолација или тестирање - „освен ако не се потребни и пропорционални за да се заштити јавното здравје“.

Беше истакнато дека треба да се земат предвид научните докази, „вклучително и епидемиолошките податоци објавени од Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ECDC)“, а за мерките треба да бидат известени останатите земји-членки и Комисијата, 48 часа однапред, доколку е можно. Јавноста треба да биде известена 24 часа однапред.

Пристапно и достапно тестирање

Земјите од ЕУ се охрабруваат да обезбедат тестирањето на коронавирусот да биде пристапно и широко достапно. На барање на Парламентот, Европската комисија вети дека ќе обезбеди 100 милиони евра во рамките на Инструментот за итна поддршка, така што земјите-членки ќе можат да купат тестови за издавање на ЕУ дигитални ковид-сертификати.

Вакцини

Сите ЕУ земји-членки мора да ги прифатат сертификатите за вакцинација издадени во други земји-членки за вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА). Земјите-членки треба да одлучат дали ќе прифатат сертификати за вакцини одобрени според националните постапки за овластување или за вакцини наведени од Светската здравствена организација (СЗО) за итна употреба.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Свет

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more

Израел синоќа силно ја бомбардираше Газа

Read more
 

Вести

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Читај повеќе