Европските берзи во минус, клубот Јувентус еден од најголемите губитници

Пo минатонеделните добри резултати, денеска паднаа најважните индекси на европските берзи, предводени од францускиот CAC, откако тамошната влада ја намали прогнозата за економски раст.

Паневропскиот индекс Stoxx 600 беше во минус од 0,1 отсто околу 10:30 часот, при што паднаа повеќето секторски индекси, а најмногу секторот технолошки акции, за 0,8 отсто.

Меѓу најважните индекси, најмногу падна францускиот CAC, за 0,46 отсто, на 7.732 поени, додека франкфуртски DAX падна за 0,32 отсто, на 17.062 поени, а лондонскиот FTS индекс за 0,00 отсто, на 7.704 поени.

Парискиот CAC индекс падна од рекордно високо ниво постигнато во петокот, откако француската влада ја намали прогнозата за овогодинешниот економски раст од 1,4 отсто на само еден отсто, поради ефектите од војната во Украина и Појасот Газа и забавувањето на активност во трговските партнери Германија и Кина.

Меѓу најголемите индивидуални губитници беше Јувентус, со пад од 1,3 отсто, откако италијанскиот фудбалски клуб пријави дополнителна загуба во првата половина од тековната фискална година и доби забрана за учество во профитабилното европско натпреварување оваа сезона поради финансиски нерегуларности.

Од друга страна, најголем поединечен добитник беше акцијата на Curry's, која скокна за 30,6 отсто откако кинескиот е-tailer JD.com објави дека е во „многу рана фаза“ на оценување на можната понуда за британскиот продавач на електроника.

Севкупно, се очекува лесен обем на тргување бидејќи американските пазари се затворени денеска поради празникот. Токискиот Nikkei денеска ослабе за 0,04 отсто, на 38.470 поени.

Тагови
реклама

Кинескиот MG4 е голем хит во Европа, доаѓа и нова генерација

Read more

Темната енергија во универзумот слабее: Што значи тоа?

Read more

ЕУ: Не смееме да дозволиме тоа што се случи со гасот да ни се случи и со челикот

Read more

Пожарите во ноќни клубови од кои светот не научи лекција

Read more

Бизнис

Доларот на најниско ниво во последните пет месеци

Read more

Еврото зајакна во однос на доларот

Read more

Најголемата американска банка ги предупредува клиентите: Никогаш не сме виделе пад како оној на Tesla

Read more

Цената на златото највисока во историјата

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пожарите во ноќни клубови од кои светот не научи лекција

Читај повеќе

Таравари објави листа со медицинските центри во странство каде се лекуваат пациенти

Читај повеќе

Захарова: ЕУ има намера да ги наруши руско-американските преговори за Украина

Читај повеќе

Нов земјотрес во Струмица

Читај повеќе

Одземени возила што биле користени во диви трки во Скопје

Читај повеќе

Пронајдени речиси 10.000 пиротехнички средства на Бит-пазар, лишено од слобода едно лице

Читај повеќе

Меџити вети правда за сите трагедии: Кочани, Беса транс, тетовска болница, Ласкарци

Читај повеќе

Две жени од Скопје измамени за милион денари

Читај повеќе

Тетовец мислел ќе се сретне со жена со која се допишувал, но го начекале две лица и го нападнале

Читај повеќе