Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

На европските берзи утрово берзанските индекси благо паднаа бидејќи кварталните деловни резултати на компаниите не поддржуваат натамошен раст на цените на акциите откако тие вчера достигнаа рекордни нивоа.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во минус од 0,1 отсто во 9:30 часот.

Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,26 отсто, на 8.425 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,03 отсто, на 18.866 поени, а париски CAC 0,17 отсто, на 8.225 поени.

Откако вчера индексите достигнаа рекордни нивоа, утрово на берзите се тргува внимателно бидејќи деловните резултати на компаниите не се многу импресивни.

Цените на акциите во технолошкиот сектор пораснаа во просек за 0,5 отсто, додека оние во автомобилскиот сектор паднаа за речиси 1 отсто.

И на азиските берзи цените на акциите пораснаа. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, во 9:30 часот порасна за 1,4 отсто и достигна ново 15-месечен максимум.

Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei зајакна за 1,4 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Хонгконг и Австралија пораснаа меѓу 0,1 и 1,7 отсто.

Јапонскиот БДП падна за 2 отсто на годишно ниво

Утринава беше објавено дека јапонскиот бруто домашен производ (БДП) падна за 2 отсто на годишно ниво во првиот квартал, повеќе од очекуваното. И покрај ова, индексот Nikkei порасна за повеќе од 1 процент.

Пораснаа и цените на акциите на кинеските берзи и покрај вчерашните вести дека САД ќе ги зголемат царините за увоз на голем број кинески производи.

Така, азиските берзи го следат растот на Волстрит вчера, кога сите најважни индекси достигнаа рекордни нивоа. Dow Jones зајакна 0,88 отсто, додека S&P 500 порасна за 1,17 отсто, а Nasdaq индексот 1,40 отсто.

Новите рекордни височини на индексот во голема мера беа поттикнати од добивките на технолошките акции, откако податоците за потрошувачките цени во САД беа малку подобри од очекуваното, што значи дека инфлацијата не се зголеми во април по три месеци добивки.

„Инвеститорите беа растеретени затоа што инфлацијата не се зголемува четврти месец по ред. Потрошувачката исто така малку се олесни, што покажува дека економијата расте со одржливи стапки“, вели Керол Шлајф, аналитичар во BMO.

Покрај податоците за инфлацијата, вчера беше објавен и извештај кој покажа дека потрошувачката стагнирала во април, што може да значи дека побарувачката слабее, па притисоците врз инфлацијата во наредните месеци може да се намалат.

Стапката на базичната инфлација се лизна во април од 3,8 отсто, колку што беше претходниот месец, на 3,6 отсто, што е најниско ниво од април 2021 година.

Иако останува далеку над целното ниво на ФЕД од 2 отсто, извештајот за потрошувачките цени ги оживеа шпекулациите дека американската централна банка би можела да ги намали каматните стапки двапати пред крајот на годината - во септември и декември.

реклама

Бизнис

Европските и американските берзански индекси се претежно во пораст, цената на нафтата и златото падна

Read more

Рекорден пад на цените на нафтата

Read more

Зголемени капацитетите на енергија од ветер и сонце во ЕУ

Read more

Профитот на авиокомпаниите во 2023 година ги надмина предпандемиските нивоа

Read more
 

Вести

Во недела посебен режим на сообраќај во Oпштина Илинден поради велосипедска трка

Читај повеќе

Возач на Audi побегнал откако удрил во велосипедист и тешко го повредил

Читај повеќе
  • filter

На Прилеп му треба нова театарска зграда!

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел со средновековно оружје го напаѓа Хезболах

Читај повеќе

Фолклорни игри под Шара во Тетово

Читај повеќе

Додик: Босна и Херцеговина е последната колонија во Европа

Читај повеќе

Црна дупка на театарот Антон Панов од Струмица – најдобра претстава, 7 награди за Иванов на МНТ на 58. МТФ Војдан Чернодрински

Читај повеќе

Бесплатни прегледи на бенки и промени на кожата денес во Градски парк во Скопје

Читај повеќе

Во Скопје се вози и без возачка дозвола, МВР за еден ден напиша 132 казни

Читај повеќе