Европските нафтени гиганти одбиваат да ја платат „валканата руска нафта“

Западните нафтени гиганти Total и Eni ги запреа исплатите до руските компании што им продале „валкана сирова нафта“ преку нафтоводот „Дружба“.

Ова е најновиот скандал што изворите на Reuters од нафтената индустрија го нарекуваат „најголемиот прекин на рускиот нафтен бизнис досега“.

Минатиот месец Русија ги запре испораките преку нафтоводот „Дружба“ до неколку европски земји поради проблем со квалитетот на нафтата, односно загадување на нафтата што според Русите било намерно направено.

Нафтата беше загадена со органски хлор, супстанца што се користи во производството на нафта за да се подобри производниот капацитет, но во големи количини е опасна за опремата за рафинирање. Количините што беа најдени во испорачаната нафта беа далеку поголеми од дозволеното.

Според руското Министерство за енергетика, се очекува испораката на нафта преку „Дружба“ да продолжи во втората половина на мај.

Рускиот оператор на нафтоводи Transneft ќе им надомести на своите клиенти за загубите што ги претрпеле поради загадената нафта, изјави рускиот вице-премиер Дмитри Козак минатата недела, нагласувајќи дека рафинериите мора најпрво да докажат колкава е претрпената штета за да може да побараат надомест.

Испораката преку „Дружба“ беше извршена согласно руските закони, според кои купувачите прво плаќаат, па ако не се задоволни од квалитетот на сировата нафта можа да бараат отштета и надомест.

Според изворите на Reuters, големите западни компании како Eni и Total ги информирале руските набавувачи, вклучувајќи го Rosneft, дека нема да платат за „валканата испорачана нафта“.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе