Европските земји ги враќаат строгите епидемиoлошки мерки

Голем број европски земји соопштија дека по зголемувањето на бројот на новозаразени, ќе воведат нови мерки за борба против ширењето на коронавирусот, што ќе вклучува ограничување на патувањето, порано затворање на барови и ресторани и ограничување на јавни собири.

Холандија усвои нови мерки откако бројот на нови случаи на коронавирус во вториот бран на епидемијата ги надмина рекордните бројки од април. Мерките ќе вклучуваат задолжително носење маски во Амстердам и другите поголеми градови, забрана за публика на спортски натпревари во следните три недели и затворање на ресторани и барови во 22 часот. Премиерот Марк Руте рече дека патувањата исто така ќе бидат ограничени и ги повика работодавците да организираат работа од дома за што е можно поголем број луѓе.

По зголемувањето на бројот на случаи на COVID-19, Словачка го забрани одржување на повеќето културни и спортски настани. Премиерот Игор Матовиќ рече дека луѓето треба да носат маски, да избегнуваат семејни собири и да се држат на дистанца за да се избегне потребата од воведување нови ограничувања.

Велика Британија воведе нови ограничувања за собири во делови на североисточна Англија, поради зголемувањето на случаите на COVID-19. Од утре, на жителите на седум области, кои вклучуваат урбани центри како Њукасл, Сандерленд и Дурам, ќе им биде забрането да се собираат во домови и да се дружат со лица од други домаќинства. Воведени се ограничувања во домовите, пабовите и рестораните, а луѓето кои не ги почитуваат новите мерки се соочуваат со можност за казни, објави Министерството за здравство.

Во Шпанија, на околу 1,1 милиони жители на Мадрид и околината им е дозволено да ја напуштат својата населба само поради неопходни нешта, како на пример одење на работа, откако вчера мерките за контрола на коронавирусот беа проширени на дополнителни делови од градот. Досега, со мерките се погодени 850.000 жители на југ и југоисток, претежно населени со работници и имигранти, а од вчера наутро се додадени дополнителни 167.000 жители, исто така на југоисток. На жителите на овие населби им е дозволено да излегуваат надвор само кога одат на работа, во болници, училишта, по судови или да се грижат за лица кои зависат од нив. Влегување во тие населби е исто така забрането без валидна причина. Полицијата повремено запира возила и проверува документи со адреса на жителите, па многумина носат потврда од фирмата кога одат на работа. Во случај на неоправдан излез и влез, предвидени се казни од 600 евра.

Бројни региони во Италија најавија построги мерки на отворено за да се спречи ширењето на коронавирусот. Сицилија објави дека сите странски патници ќе мора да бидат тестирани при пристигнувањето и ќе мора да се јават на лекар. Од утре задолжително ќе се носи маска во јавност за лицата над шест години. Мерките ќе бидат во сила најмалку до 30 октомври. – Со пристигнувањето на сезоната на грип, влегуваме во деликатна фаза на епидемијата, рече претседателот на тој јужен италијански регион, Нело Мускумечи.

Минатата недела јужниот италијански регион Кампанија воведе мерка за задолжително носење маски во јавност, која ќе трае најмалку до 4 октомври. Маски мора да носат и жителите на северозападниот пристанишен град Џенова. Во Италија, маските се задолжителни во продавниците, возовите и другите затворени простори во најпрометните периоди. 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе