Бензинот евросупер БС-95“ од полноќ поскапува 0,50 денари за литар, а цените на „евросупер БС-98“ и на дизел-горивата остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 61 денар. „Евросупер БС-98“и натаму ќе се продава 62,50, „евродизелот (Д-Е V)“ 47, а екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) по 35,50 денари за литар.
Мазутот М-1 НС поевтинува 0,506 денари и килограм ќе чини 23,681 денари.