Еврото зајакна во однос на доларот

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна минатата недела, втор пат по ред, при што еврото дополнително зајакна во однос на доларот бидејќи зголемената јавна потрошувачка во Германија може да го забрза економскиот раст.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, минатата недела се лизна за 0,15 отсто, на 103,75 поени. Курсот на еврото во однос на доларот се зголеми за 0,45 отсто, на 1,0879 долари.

Сепак, американската валута зајакна во однос на јапонската, за 0,4 отсто, достигнувајќи 148,60 јени. Падот на индексот на доларот втора недела по ред е резултат на тарифната војна меѓу САД и нивните најголеми трговски партнери, што може да доведе до слабеење на најголемата светска економија и пораст на инфлацијата.

ЕУ оди во сосема спротивна насока од Трамп

Покрај тоа, американскиот претседател Доналд Трамп планира нагло да ги намали федералните трошоци, што исто така може да ја забави економијата.

„Падот на доларот во однос на еврото е резултат на тарифната војна, која предизвика многу нестабилност, како и крајот на режимот на фискални стимулации, бидејќи администрацијата на Трамп се обидува да ја намали јавната потрошувачка“, објаснува Бред Бехтел, директор во Jefferies.

Од друга страна, вели тој, Европската Унија се движи во сосема спротивна насока и ја зголемува јавната потрошувачка. Имено, во Германија идната демохристијанско-социјалдемократска влада планира ново задолжување и формирање фондови за помош на германската економија и зајакнување на одбраната.

Идната влада се согласи да ги релаксира фискалните правила за да може да ги зголеми инвестициите и со тоа да го стимулира економскиот раст. Покрај тоа, еврото зајакна бидејќи се верува дека Европската централна банка е на крајот од циклусот на намалување на каматните стапки, додека американската ФЕД се очекува да продолжи со намалувањето на каматните стапки во наредниот период.

Додуша, американската централна банка не се очекува да ги намали каматните стапки веќе следната недела, но се очекуваат намалувања во втората половина од годината.

Тагови
реклама

Бизнис

IKEA купува шуми во Латвија и Литванија

Read more

Илон Маск: За 20 години концептот на пари ќе „исчезне“

Read more

Приходите и профитот на рускиот нафтен гигант нагло опаѓаат

Read more

Цените на нафтата во пад четврти месец по ред

Read more
 

Вести

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Читај повеќе

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Читај повеќе

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Читај повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Читај повеќе

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Читај повеќе

Денеска дожд, од утре сонце

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Читај повеќе

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Читај повеќе