ФИА и Формула 1 објавија дека од шестата трка во календарот сезонава ќе се воведе нова спецификација на гуми за дожд на кои нема да им требаат греалки и кои ќе обезбедат подобри перформанси во услови на студено време.

Промената на спецификациите на гумите за дожд формкално беше одобребна на сотанот ан Ф1 комисијата одржан во вторникот во седиѓштето на Ф1 организацијата во Лондон откако Pirelli спроведе успешно тестирање на новите гуми со соработка со Ф1 тимовите.
Новата спецификација е воведена по наменските тест сесии по влажно време кои за време на зимата ги спроведоа неколку тимови. Првично промените сеа наменети за 2024 година, кога греалките во гумите треба да бидат укинати за гуми на суви и за гуми на влажни патеки.
Ф1 комисијата исто така потврди дека новиот проект за пакетот за влажно време, кој ќе вклучува болиди опремени со лакови на тркалата дизајнирани да го намалат прскањето на вода, сезонава ќе биде тестиран на патека.
„ФИА е благодарна на понудената поддршка која тимовите ја дадоа за овој пакетен проект за влажно време, како што е претставено на последниот состанок на Ф1 комисијата“, стои во соопштението на ФИА.
Новиот пакет за влажни услови, кој ќе вклучува и лакови над тркалата за да се намали дистрибуцијата на прскањето вода, претходно беше говореше шефот за серијата трки со едносед на ФИА, Николас Томбазис.
„Направивме многу CFD симулации, бидејќи сакаме да се увериме дека ефектот на овие уреди е релативно мал врз целокупната аеродинамика. Сè уште има ефект, но не огромен“, рече тој.
„Исто така, симулираме капки дожд и така натаму, и гледаме како тоа влијае на прскањето. Она што е мал предизвик во симулациите е да се одреди релативната пропорција на она што доаѓа од дифузорот наспроти она што доаѓа од гумите“.
„Кога ќе имаме решение, ќе можеме да изградиме некои прототипови и да ги пуштиме на некои автомобили за да се обидеме правилно да процениме“, заврши Томбазис.
Сезоната 2023 во Формула 1 шампионатот почнува во недела на 5 март со Големата награда на Бахреин, додека трката на патеката „Имола“ за Гран прито на Емилија-Ромања ќе се вози на 21 мај.