Ф1

Ф1 остана без еден тим, Менор повеќе не постои

28. јануари 2017 - 9:25 | Макфакс

Формула 1 во пресрет на новата сезона остана со еден тим помалку, откако Менор реши да се повлече од натпреварувањето. Менор во Фромула 1 освои само два бода, но во историјата на овој спорт ќе остане запаметен по трагичната несреќа во 2015 година во Јапонија, во која загина Жил Бјанки.

Тимот на Менор во Формула 1 влезе под името Вирџин рејсинг во 2010 година. Сопственик на тимот беше Ричард Бренсон, кој потоа тимот го продаде на руски бизнисмени кои го сменија името во Марусија. Мината година сопственик стана Стефен Фицпатрик, а тимот настапуваше под името Менор.

Единствените бодови на овој тим во Формула 1 му ги донесоа починатиот Бјанки во 2014 година во Монако и Паскал Верлајн на трката во Австрија минатата сезона.

Минатата сезона Менор ја заврши на последното место во конкуренција на конструктори, поради што остана без наградниот фонд, а тимот замина во стечај.

Бидејќи сопственикот не успеа да пронајде купувач, Менор згасна.

Инаку новата сезона во Формула 1 ќе стартува со трката за Големата награда на Австралија на 26. март.

Коментирај