Фабрика за чипс, нови милионски инвестиции и преку 1.000 вработувања, најавува Павлески

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески денеска најави дека во земјава ќе биде отворена првата фабрика за чипс. Во тек се, рече Павлески, и контакти со неколку други компании за кои е извесно дека ќе инвестираат.

Според него, има преговори и со компанија во делот на автомотив индустријата чија инвестиција се проценува на повеќе милиони евра и која треба да отвори над 1.000 вработувања. Исто така е извесно дека до крајот на годината ќе почне со работа и компанија од услуги и сервиси која ќе отвори нови 500 вработувања со солидни плати.

– Сакам да испратам една охрабрувачка порака, дека економијата полека се враќа во нормалнет тек. Сепак, се зависи од случувањата на светско ниво поради пандемијата. Покажавме отпорност како економија и мислам дека сме на добар пат. Има доста заинтересирани инвеститори, нашата држава е препознаена како добро подрачје за инвестиции кое нуди многу поволности. Во тек се неколку инвестиции, но имаме контакти и со неколку компании за кои е извесно дека ќе инвестираат. Може да најавам нова фабрика за чипс која ќе биде прва и единствена во нашата држава, друга во Битола ќе инвестира пет милиони евра во проширување на своите капацитети со над 100 нови вработувања, ќе го развуват својот центар за истражувања и развој, истакна директорот откако претходно соопшти дека македонските компании може да се пријавата за наградите „go global“ на Меѓунардониот трговски совет.

Иако имаше црни сценарија, минатата година, рече Павлески, заврши со 206 милиони евра странски инвестиции. Тоа е за околу 15 отсто повеќе во споредба со 2017 година.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе