Компанијата Facebook соопшти денеска дека отстранила повеќе лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија.
Станува збор за профили за кои е наведено оти е забележано „координирано неавтентично однесување“.
Компанијата објави дека „вкупно 2.632 страници, групи и профили се избришани од Facebook и Instagram поради операции поврзани со споменатите земји.
Ова се први вакви интервенции на Facebook во овие држави.
Претходно, Facebook во текот на овој месец отстрани стотици лажни профили во Велика Британија и во Романија поради промовирање содржини кои поттикнуваат поделби.