Интернет

Facebook и Instagram имаат проблеми со објавување содржини и со логирање

13. март 2019 - 18:20 | А.С.

Корисниците на социјалните мрежи Facebook и Instagram ширум светот пријавуваат дека имаат проблеми со објавување статуси, линкови, фотографии и други содржини на своите профили и страници.

Проблеми се јавуваат со корисничкиот newsfeed, како и со логирање на социјалните мрежи Facebook и Instagram, но и целосна неможност да се пристапи до профилите.

Уште не е познато што е причината за проблемите, ниту кога се очекува да бидат решени.

Може да видите каде има проблеми и да пријавите проблем со Facebook ТУКА, а со Instagram ТУКА.

Коментирај