Facebook има 5 милиони огласувачи и планира да расте

Некогаш Facebook беше социјална мрежа на која се дружеа студенти. Денес милиони компании, особено малите бизниси, го користат за маркетинг и компанијата планира да се шири.

„Ако погледнете наназад во изминатите 13 години, направивме напредок во нашата мисија да го направиме светот поотворен и поповрзан“, рече Катрим Шепли, директорка на одделението на Facebook за мали бизниси во Северна Америка.

„Другите луѓе и бизниси за кои тие се грижат, и се разбира заедниците, се во сржта на сето тоа.“

Facebook денес соопшти дека 5 милиони активни огласувачи ја користат нејзината платформа.

Компанијата пријави 4 милиони огласувачи во септември, 2016 година, 3 милиони во март, 2016 и 2 милиони во февруари, 2015 година.

Instagram во почетокот на годинава соопшти дека има 1 милион свои огласувачи.

Она што е поважно од бројките и обемот, велат од Facebook, се алатките што ги креираат за мобилно оспособување на овие 5 милиони бизниси.

Facebook работи на тоа да им ги олесни на сопствениците на бизниси контролирањето и ажурирањето на информациите за нивните бизниси преку смартфоните.

На пример, компанијата неодамна овозможи сопствениците на страница на Facebook да ги ажурираат огласите со висока активност само со еден клик, како на пример ажурирањето на таргет групата на огласот, преку апликацијата за страници.

„Иако благодарение на технологијата има прекрасни можности и начини за рекламирање, на сопствениците на мали бизниси тоа може да им биде тешко за работење, особено ако се обидуваат да допрат до нови клиенти“, вели Шепли.

„Ние сакаме да ги оспособиме да работат во мобилниот свет.“

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарена цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе