Интернет

Facebook има нов уред: Видео повици со камера што ве следи

10. октомври 2018 - 13:42 | Б.С.Б.

Facebook го најави првиот електронски уред, направа со екран и камера осмислена да ги олесни повиците и да ги направи рутинска активност.

Новиот уред наречен Portal from Facebook е осмислен да ја олесни меѓусебната комуникација на повеќе од две милијарди корисници на Facebook. Станува збор за камера базирана на вештачка интелигенција која ќе мора автоматски да се врти и да го зумира корисникот во текот на разговорот.

Portal ќе се појави на пазарот во две величини, уред со екран од 10 инчи и ќе чини 199 долари, додека со екран од 15,6 инчи ќе чини 349 долари.

Прашање е дали луѓето ќе прифатат во своите домови да стават камера поврзана со интерент, што ја продава компанија поврзана со скандали кога станува збор за заштитата на приватноста на корисникот.


Коментирај