Поранешниот американски претседател Доналд Трамп сними интервју со Лара Трамп, новинарка на Fox News и сопруга на неговиот син Ерик, но Facebook експресно го отстрани од нивната платформа, со образложение дека сè уште е на сила забраната за користење на Трамп по нередите на 6 јануари во Капитол.
Во вторникот, новинарката објави најава за интервјуто на Facebook со фотографија на која таа стои спроти поранешниот претседател и ги повика гледачите да го следат интервјуто.
Но, од Facebook веднаш ѝ испратиле мејл во кој ја известиле дека нема да биде дозволено објавување на интервјуто на Доналд Трамп.
Лара Трамп го објави интервјуто на социјалната мрежа Rumble.