Љубов и секс

Facebook ќе спречува објавување порнографски материјали за одмазда

6. април 2017 - 11:58 | А.С.

Компанијата Facebook го претстави новиот систем наменет да се спречат корисници кои сакаат да објават порнографски содржини со цел да се одмаздат некому.

Facebook најави дека ќе почне да го користи системот за препознавање фотографии за да може да ги препознае интимните фотографии и да спречи нивно објавување без дозвола на Facebook и Instagram, како и нивно споделување преку месинџер.

Кога фотографијата ќе биде пријавена и Facebook ќе ја отстрани, системот ја регистрира и оној кој ќе се обиде повторно да ја објави ќе биде предупреден.

Во поголемиот број случаи ваквите постапки ќе бидат санкционирани со блокирање на профилот од кој биле споделени интимните фотографии без одобрување.

Коментирај