Facebook Libra – криптовалута со мисија да го елиминира доларот

Некои од најголемите компании во светот се здружија за да креираат сопствена криптовалута за која се надеваат дека еден ден ќе стане глобална валута што ќе прерасне во вистински ривал на американскиот долар. Името на криптовалутата е Libra, а неа ја лансира Facebook преку WhatsApp, Messenger и останатите апликации во кои може да се прават монетарни трансакции.

Libra е поддржана од 28 компании, меѓу кои и гиганти како PayPal, Mastercard и Visa, а нивната цел беше да креираат криптовалута која ќе ги реши проблемите на традиционалните валути, истовремено елиминирајќи ги препреките кои не му дозволија на биткоинот да се наметне како сериозно платежно средство.

„Технологијата направи сѐ да ни биде на дофат, освен парите. Скоро 1,7 милијарди луѓе немаа банкарски сметки. Тоа е скоро 31% од светската популација. А оние кои имаат банкарски сметки се жртви на бавниот систем на трансакција на средства“, се вели во најавата за Libra.

Дејвид Маркус од Facebook, кој го поттикна и започна развојот на Libra, вели дека мисијата на овој проект е да се креира „едноставна глобална валута и финансиска инфраструктура која ќе им даде поголема моќ на милијарди луѓе“. Неодамнешна анализа спроведена од британската компанија Luno тврди дека оваа криптовалута ќе ги пополни празнините помеѓу традиционалните глобални валути како доларот и криптовалутите како биткоин и Litecoin.

За разлика од биткоин, вредноста на Libra е врзана со неколку валути за да се спречат сериозни флуктуации какви што доживеа биткоин, што всушност и придонесе за краткотрајниот живот „на врвот“ за него.

„Libra ќе биде многу различна од биткоин во тој поглед, бидејќи е поврзана со цела група валути, што ќе резултира во поголема стабилност и елиминирање на непредвидливи и нагли флуктуации на вредноста. Поради тоа, таа ќе биде повеќе како традиционална валута отколку како фиктивен збир на вредности“, вели Гајлс Хокинс, партер во Ashfords Solicitors.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе