Meta најави голем број подобрувања на апликацијата Facebook Messenger.
Messenger конечно доби HD видео повици, како и потиснување на шумот во позадина и гласовна изолација со цел да овозможи појасни и поквалитетни повици. Meta вети дека квалитетот на повиците на Messenger ќе направи да се чувствува како личноста со која корисникот разговара да е во иста просторија.
HD ќе биде стандардно овозможено за повици остварени преку Wi-Fi, додека ќе може рачно да се вклучи за повици направени со мобилни податоци. Во поставките за повици може да се активираат потиснувањето на шум во заднина и изолација на звук.
Друга практична можност е да оставите аудио или видео порака на корисникот кој не одговорил на повикот. Само допрете го копчето record message за пропуштени повици.
Messenger наскоро ќе добие и позадини со вештачка интелигенција за видео повици, што ќе „додаде малку возбуда на повикот“. За да креирате позадина, треба да ја допрете иконата за ефекти во страничната лента за време на видео повик.
Конечно, корисниците на iOS можат да побараат помош од асистентот Siri за остварување повици преку Messenger, како и испраќање пораки.