Интернет

Facebook Messenger воведува бришење на испратени пораки

8. ноември 2018 - 12:54 | Б.С.Б.

Дали некогаш некому сте испратиле порака на Facebook Messenger, а потоа сте сакале да ја избришете? Без разлика за каков вид порака станува збор, наскоро ќе можете засекогаш да ја избришете.

Опцијата на корисниците ќе им биде достапна 10 минути по испраќањето. За оваа опција досега доста се дискутираше, бидејќи беше откриено дека Марк Закерберг отсекогаш ја имал. Сега ќе ја имаат сите.

Според објавата на тимот на Messenger, опцијата за бришење пораки по испраќањето е веќе достапна на некои корисници и овозможува бришење на тоа што е испратено, вклучувајќи фотографии, мапи, документи и слично.

Опцијата на корисниците се вклучува етапно, а сите треба да ја имаат до крајот на ноември.

Коментирај