Facebook најави драстични промени кај Instagram и WhatsApp

Само неколку часа нѐ делат од овогодинешната конференција F8, на која технолошкиот гигант Facebook ќе ја открие иднината на истоимената социјална мрежа. Покрај најочекуваните новости за Facebook, на конференцијата ќе добиеме нови информации и за „револуционерните промени“ за WhatsApp и Instagram.

Очекувањата се дека Facebook ќе објави новости за приватноста и енкрипцијата, откако во текот на изминатата година доби многу критики поради бројните пропусти, етичките и морални проблеми.

Иако веќе некое време прави обид да ја поправи својата репутација по аферата со Cambridge Analytica, компанијата и понатаму се наоѓа на мета на критики поради начинот на работа и скандалите кои излегоа на површина во последните 12 месеци. Facebook веќе најави промена во начинот на користење на личните податоци на корисниците, но останува да видиме што ќе биде официјалниот резултат на конференцијата F8.

Покрај тоа, се очекува дека компанијата ќе ги најави новите промени на комуникациските алатки на социјалните мрежи Facebook, Instagram и WhatsApp, кои во иднина би требало да бидат редизајнирани за да функционираат заедно како дел од промената на фокусот на компанијата Facebook.

На почетокот на оваа година извршниот директор на Facebook, Марк Закерберг, изјави дека „иднината на комуникацијата е во приватните, енкриптирани сервиси“. Тој најави дека Facebook работи на промена на комуникациските алатки на компанијата, со што би им се овозможило на корисниците да разменуваат пораки помеѓу WhatsApp, Facebook Messenger и Instagram.

реклама

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе