Facebook направи апликација која е наменета само за парови

Компанијата Facebook креираше нова апликација која е дизајнирана само за парови.

Апликацијата е наречена Tuned и е дизајнирана од страна на New Product Experimentation.

Оваа апликација ги поттикнува паровите меѓусебно да го споделуваат своето расположение, да разменуваат музика и да креираат дигитален scrapbook. Од Facebook велат дека оваа апликација претставува приватен простор за оние коишто се во љубовна врска.

Tuned е поврзана со апликацијата Spotify за да се споделува музика, а паровите да можат да разменуваат фотографии, пораки, гласовни пораки, а на располагање имаат и стикери и различни опции за искажување емоции.

Апликацијата е бесплатна и оние коишто сакаат да ја користат мора да имаат профил на Facebook, но и да ги почитуваат правилата на оваа социјална мрежа. Тоа значи дека нивните податоци можат да се користат за таргетирање реклами.

Апликацијата не е многу различна во однос на останатите социјални мрежи на кои луѓето директно комуницираат едни со други.

Засега Tuned е достапна само за уредите со оперативниот систем iOS, пишува The Verge.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Софтвер

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more

Microsoft ја укинува поддршката за Android апликациите на Windows

Read more

Apple казнет со 1,8 милијарди евра за кршење на правилата за стриминг

Read more

Корисниците на Windows 11 сега можат да ги користат мобилните како веб камери

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе