Facebook повторно открива податоци, овојпат преку необјавени фотографии

Оваа година беше пеколна за Facebook, полека се открија голем дел од проблемите со приватноста и социјалната мрежа ја изгуби довербата кај многу корисници. Последниот откриен баг се однесува на системот за фотографии на Facebook, кој во последниот период ги загрозил податоците на преку 6,8 милиони корисници.

Се претпоставува дека на скоро 7 милиони корисници им била нарушена приватноста со тоа што Facebook им дозволил пристап на независните апликации до нивните фотографии кои корисниците ги отвориле преку Facebook, но никогаш не ги објавиле.

„Ако некој реши да објави фотографија на Facebook но не го заврши објавувањето, ние ја зачувуваме фотографијата за кога корисникот ќе се врати, да ја продолжи неговата работа од онаму каде што застанал“, вели инжинерскиот директор Томас Бар.

Багот се верува дека погодил преку 6,8 милиони корисници а преку 1.500 апликации имале пристап до нивните фотографии. Овој баг бил активен 12 дена пред да биде отстранет на 25 септември, што значи дека Facebook ги прекршил регулациите кои велат дека секој баг мора да биде забележан и отстранет во рок од 72 часа.

Следната недела девелоперите на Facebook ќе се обидат да утврдат дали се работи за грешка која делувала на нивната апликација, или пак се работи за некој обид за хакирање и злоупотреба на податоците.

Доколку и вие сте биле еден од корисниците, очекувајте порака од Facebook во која ќе ви биде објаснето кои апликации треба да ги избришете за да бидете безбедни.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Интернет

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе