Калифорнија, 15 март 2019 (МИА) – Facebook ја обвини „промената во конфигурацијата на серверите“ за најголемиот пад во таа социјална мрежа во историјата, каде што апликациите престанаа да работат низ целиот свет.
Тоа траеше најмалку 12 часа во многу области низ целиот свет, со најголемо влијание во Северна Америка и Европа.
Откако објави дека во средата имало проблем, од Facebook беа без коментар речиси 24 часа пред објавувањето на објаснувањето и извинувањето.
– Како резултат на конфигурацијата на новите сервери, многу корисници имаа проблеми со нашите апликации и услуги, објави Facebook на Twitter.
„Ние го решивме проблемот и нашите системи се опоравуваат. Многу ни е жал за проблемите и многу сме благодарни за вашето трпение”, се вели во објавата.
Се верува дека тоа досега е најголем дефект во историјата на Facebook, каде сега има околу 2,7 милијарди корисници само на главната социјална мрежа, како и на Instagram и Messenger.