Тенис

Facebook снима филм за Ѓоковиќ

20. септември 2019 - 19:28 | Б.С.Б.

Facebook снима документарен филм за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и добротворните активности на тенисерот.

Главните кадри се направени, а на филмот работи екипа од Велика Британија. Корисниците на Facebook материјалот ќе можат да го видат кон крајот на октомври или најдоцна до крајот на годината. На чело на тимот е продуцентот Том Пери од Лондон од компанијата Film Farmers, а негов прв соработник е Сем Клејсон.

„Правиме филм од неколку минути со фокус на добротворните активности на најдобриот тенисер во светот“, стои во соопштението на компанијата.

Сем Клејсон вели дека тимот од Англија не е многу добро запознаен со добротворните активности на Ѓоковиќ.

„Знаевме за неговата тениска кариера, но луѓето во Англија не се општо запознаени со Фондацијата на Ѓоковиќ и со сето тоа што го прави за децата, особено овде во Србија. Убаво е да се отворат очите и да се види што прават Фондацијата и Новак за најмладите“, вели тој.

Коментирај