Факти, не паника: Што знаеме за стапката на смртност на корона вирусот?

Откако вчера беше потврден првиот случај на корона вирус Covid-19 во Македонија, а и поради фактот дека расте бројот на заболени низ Европа, меѓу граѓаните почна да владее загриженост, но простор за паника нема.

Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје уверува дека едно позитивно лице не претставува ризик за населението. Според Караџовски, граѓаните може да бидат мирни. Медицинските служби се дежурни 24/7 и способни за само половина час да направат соодветна екипа која би реагирала веднаш.

Според досегашните медицински истражувања и болнички статистики, може да се констатираат следните факти:

* Кај 81% од заразените со корона вирусот Covid-19 станува збор за блага форма на болеста, кај 14% од заболените има сериозни последици, а кај 5% предизвикува критична состојба.

* Општата смртност од корона вирусот е помалку од 2%. 

* Највисока стапка на смртност е забележана кај луѓе постари од 80 години (8%), додека кај помладите од 39 години изнесува само 0,2%.

* Болеста ретко ги погодува децата. Тоа го докажуваат статистичките податоци дека помалку од 3% од заболените се помлади од 15 години.

* Нема пријавени смртни случаи кај пациенти со корона вирус имале блага или сериозна форма на болеста.

* Стапката на смртност изнесува 49% кај критичните случаи, а се зголемува кај оние кои веќе боледувале од друго сериозно заболување, како болест на срцето, дијабетес, болест на дишните патишта, рак и слично.

* Може да се биде болен и заразен, без симптоми. Инкубацијата на вирусот се смета дека трае 14 дена.

Факти и митови за корона вирусот

Во време кога епидемијата на болеста е во ек, на социјалните мрежи, но и во медиумите кружат најразлични дезинформации кои може да предизвикаат паника и непотребна загриженост во врска со овој корона вирус.

Токму затоа со вас ги споделуваме овие пет најчести митови за новиот корона вирус, како и фактите во врска со нив.

МИТ: Корона вирусот е најопасниот вирус што постои.

ФАКТ: Годишно, обичниот грип убива 60 пати повеќе луѓе отколку корона вирусот.

МИТ: Ако ми е дијагностицирана инфекција со корона вирусот, ќе умрам.

ФАКТ: Од сите случаи на заразени, починатите пациенти најчесто имале послаб имунитет на организмот, веќе имале и други болести или биле повозрасни пациенти.

МИТ: За да бидам заштитен/а, треба да набавам заштитно одело (налик скафандер) и маска N95.

ФАКТ: Најдобрата заштита е редовното миење раце. Исто така препорачливо е да се кива и кашла „во лакт“, а не во дланка.

МИТ: За оваа ситуација треба да се паничи и недвосмислено да се обвинува Кина. Исто така, би требало да правиме нечувствителни шеги за и кон меѓународните студенти, или за и кон туристите од Азија.

ФАКТ: Расизмот и ксенофобијата, а не доказите и практичното искуство, се тие кои ги распламтуваат паниката и хистеријата кои се случуваат. Нема оправдување за да се биде груб кон некого.

МИТ: Треба да верувам во сè што читам за корона вирусот на интернет, затоа што сè е фактографски проверено и е напишано без каква и да е субјективност.

ФАКТ: Погрешната информација (дезинформацијата) и расизмот се поопасни од кој било вирус. Затоа, наместо идеолошки, барајте текстови кои се базирани на докази и факти и кои не се само од еден извор за информирање.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе